На 30. март во Македонската филхармонија официјално ќе бидат објавени резултатите од пописот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на гостувањето во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 оибјави дека резултатите од септемврискиот попис на населението ќе бидат објавени на 30 март во Македонската филхармонија.

– Нема да има покана за политички субјекти, но кој сака ќе дојде. Ќе биде премиерот како институција и гости од странство. Ќе има гости од земјите од Западен Балкан. Директорот на статистичкиот инстиотут од Грција, Словенија, Бугарија, Хрватска и Евростат, како и од Чешка и Полска, рече Симовски.

Симовски додаде дека во следните месец дена ќе биде државен непријател број еден откако ќе бидат објавени резултатите од националната статистичка операција, која патем не е одржана безмалку 20 години.

– Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување на желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението, додаде Симовски.