На 29 јуни прва Парада на гордоста во Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата Парада на гордоста, која се залага за правата на ЛГБТ-заедницата, кај нас во Македонија ќе се одржи на 29 јуни, во Скопје, информираа од организационот одбор за одржување на овој настан.

Организаторите сметаат дека парадата ќе помине достоинствено и безбедно и дека државата е подготвена и зрела за организирање ваква парада, на која ќе се чуе гласот на различните, која во светски рамки има традиција повеќе од 50 години.

„Ова е протест на кој ќе бараме афирмација за остварување на наштите права и слободи. Ова е протест на изразување на слободната волја на различните, кои бараат еднаков пристап во општеството, но и протест за оддавање почит на луѓето што биле жртви на насилство и стигматизирани во општеството поради различна сексуална ориентација“, рече Антонио Михајлов на денешната прес-конференција во Хелсиншкиот комитет.

Организаторите од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија веруваат дека ќе има масовна поддршка и посетеност на првиот настан во земјата, со кој се бранат боите на различноста и дека МВР ќе биде на ниво на задачата парадата да помине без несакани инциденти.

„Ние сме во постојан контакт со МВР, ќе има обезбедување на протестот од сите страни каде што ќе се движи колоната, одговорност има и кај нас како организатори и порачуваме граѓаните слободно да дојдат да дадат поддршка, дека ќе бидат обезбедени сите од прв до последен“, истакна Кочо Андоновски, член на организациониот одбор.

Организаторите ги повикаа сите граѓани и политичари што сакаат да ѝ дадат поддршка на ЛГБТ-заедницата да бидат дел од првата Парада на гордоста во Скопје.