Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 15 март ќе биде изречена пресудата за обвинетите во настаните од „крвавиот четврток“ и упадот во Собранието.
На денешното рочиште обвинетите имаа можност да и реплицираат на обвинителката во предметот, Вилма Русковска, за нејзините ставови изнесени вчера на крајот од завршните зборови.
Судскиот процес за насилствата во собранието од 27 април 2017 година почна во август минатата година. На почетокот процесот се водеше против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот, но по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.