Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Автобиографската книга која ја објави славната холивудска и светска актерка Деми Мур го потресоа цел Холивуд и светот на американскиот шоубизнис.
Актерката во најновата книга го открива своето тешко детство, мајка склона кон самоубиства, дрога и алкохол, како и тајните за своите бракови.
Мур во книгата призна дека имала спонтан абортус поради алкохол и дека по разводот од Ештон Качер станала депресивна и повторно се дрогирала.
Особено потресен дел од мемоарите на Деми Мур е оној за силувањето. Актерката призна дека на 15-годишна возраст била силувана од маж, кој ја прашал по ужасниот чин како се чувствува кога сопствената мајка ве продала за 500 долари.
За сето ова Деми отворено зборуваше за ова во интервјуто со Дајана Соер.
На прашањето на новинарката дали некогаш мислела дека е вистина тоа што нејзината мајка ја продала, Деми одговори дека не.
Актерката откри дека неколку пати ја спасила својата мајка од сигурна смрт кога се обидела да се самоубие. Еднаш дури со прсти ги вадела апчињата од нејзиниот душник , откако изголтала премногу од нив.