Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Извесно време се шушкаше дека Черил Кол, славната пејачка и член на жири комисијата од британското музичко шоу X-Factor, е бремена, а иако официјално таа не ги потврди овие гласини, фустанот кој го облече за божиќниот концерт открива дека и тоа како чека принова.
Кол своето прво дете го чека со пејачот Лиам Пејн, 23-годишниот член на бендот One Direction, кој од својата избраничка е помлад десет години. Заедно се од 2015 година, а се запознаа во 2008 година токму на сцената од споменатото шоу, кога своевремено 14-годишниот Лиам зачекори пред жирито во кое беше и Кол, намигнувајќи ѝ на својата идна партнерка и мајка на првото заедничко бебе.
Черил своевремено беше воодушевена од таквиот потег на Лиам, велејќи му дека е „сладок и има харизма“.
На црвениот тепих како прв прв пат се појавија оваа година и оттогаш не се кријат дека се заедно. Черил зад себе има два брака, со фудбалерот Ешли Кол, кој наводно ја изневерувал кога и да имал прилика за тоа и со францускиот бизнисмен Жан-Бернард Фернандез, со кого издржа 18 месеци.