Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Официјално е потврдено дека македонскиот претседател Стево Пендаровски следниот вторник, 12 ноември, претпладнето ќе има средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
Тема на средбата ќе бидат македонските евроинтеграции и оваа средба доаѓа после повечемесечно неуспешно обидување на македонските власти да обезбедат прием во Елисејската палата. Претседателот Пендаровски инаку следната недела а 11, 12 и 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум на кој ќе бидат 30 шефови на држави и влади, а обараќање ќе има на 12. Во интервју пак за МИА, заменик претседателката на францускиот сенат Елен Конвe-Муре која беше во посета на земјава вели дека за Северна Македонија не станувало збор за вето ниту пак за некакво одбивање од страна на Франција за доделување датум поради самата земја, туку поради потреба од реформа на унијата.
„Можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати.“
После пораките на Конве на фејсбук се огласи и премиерот Заев.
„Нашите граѓани заслужуваат европска перспектива, затоа остануваме посветени на реформите. За нас не постои алтернатива. Ќе докажеме дека припаѓаме во ЕУ.“
Заменикот помошник државен секретар на САД, Метју Палмер за време на работната посета на балканот испрати силна порака дека во наредните месеци, Вашингтон ќе се обиде да го убеди Париз да ја исправи грешката за Македонија и Албанија на пролет да добијат зелено светло за почеток на преговори. Во меѓувреме неколку институти и тинк тенк организации од Брисел објавија анализи во однос на француското вето, и сите познавачи се согласни дека одлуката на Макрон во ниту еден случај не е поврзана со Македонија и Албанија туку со борбата за превласт во Европската унија.