Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со двонеделно патување на дестинација од Дубаи до Саутемптон, па потоа препловување преку Атлантикот до САД и стигнување во Њујорк, Титаник II ќе ја плови по истата рута како оригиналот Титаник, на 110-годишнината од неговото потонување, во 2022 година.
Новиот Титаник, чија изградба чинела околу 500 милиони долари, ќе има капацитет за 2.400 патници и 900 членови на екипажот.
Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како оригиналот и ќе има ист распоред на кабините, со тоа што ќе содржи технологија од 21-ви век.
Клајв Палмер, австралиски бизнисмен и претседател на компанијата „Blue Star Line“, најавил оживување на проектот во септември, после неколкугодишната пауза, поради финансии.
„Бродот ќе плови по истиот пат како првиот Титаник, но исто така ќе плови и низ целиот свет, а луѓето ќе се восхитуваат и инспирираат на секое пристаниште“, рекол Палмер.
Сепак, со право многумина прашуваат дали е паметно да се направи иста реплика на бродот кој потонал пред 106 години.