Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 102-годишна возраст почина архитектот Јео Минг Пеи, идејниот осмислувач и дизајнер на славната стаклена пирамида која е поставена пред фамозниот музеј Лувр во Париз.
Пеи беше архитектот кој беше дизајнер на серија објекти кои се поставени пред парискиот музеј Лувр, вклучително и епската стаклена пирамида.
Тој, исто така, има дизајнирано голем број легендарни архитектонски структури ширум цел свет, а неговите дизајни се познати по прецизната геометрија, рамните површини и природната светлина.
Пеи беше работно активен до длабока старосна возраст, а едно од неговите најпознати ремек дела е Музејот на исламската уметност во Доха, Катар. На тој проект работеше кога имаше повеќе од 80 години.
Пеи е роден во кинескиот град Гуангжоу, во 1917 година. Во САД се преселил на 18-годишна возраст за да студира на престижните МИТ и Харвард. Работел како научник за американската влада за време на Втората светска војна, а потоа се посветил на архитектурата и во 1955 година основа сопствена приватна компанија.
Како еден од најпознатите архитекти на 20. век, Пеи дизајнираше градски згради, хотели, училишта и други објекти ширум Северна Америка, Азија и Европа.