На 10 дена до истекот на рокот само тројца министри доставиле анкетен лист до Антикорупциска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 10 дена до истекот на рокот за поднесување анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупцијата, само вицепремиерот Бујар Османи, министерката за образование и наука, Рената Дескоска Тренеска, и Билен Саљији, министерот за правда, oд министрите ја исполниле законската обврска да ги известат антикорупционерите за имотната состојба, дознава Макфакс од извори во Антикорупциската комисија, пренесува Макфакс.

Вицепремиерот Османи пријавил куќа и пензија на родителите, зел кредит од 3.690.000 денари и заем од 1.660.000 денари. Пријавил и автомобил ауди А6, кое го проценил на 360 илјади денари. Министерката за образование поседува три трансакциски сметки, на кои не е впишана вредноста. Пријавила имот на сопругот, денарска штедна книшка на деца,  како и кредитна картичка чиј долг не е наведен. Анкетниот лист на министерот за правда, пак, сè уште не е достапен за јавноста.

Поажурни од министрите биле пратениците. Сите 120 народни избраници поднеле анкетен лист за имотната состојба до ДКСК. Рокот во кој треба да ги достават имотните листови истекува на 1 јули.