МЖ Транспорт сè подлабоко тоне во пропаст – што да очекуваме кога новиот директор е бивш келнер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред извесно време на МЖ Транспорт АД Скопје беше назначен нов генерален директор – Зуљхајрат Демири.

„Трагајќи по неговата професионалната биографија, која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа Фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год по кои може да се заклучи дека бил ангажиран во сферата на угостителството. Во недостиг на информации за неговата стручна способност, прашуваме кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт“ – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг. Колку што можевме да изброиме ова е седми по ред директор, во изминативе секоја години. Значи, секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија“ – се вели во соопштението.

Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија, оценува опозициската партија, имаме целосен распад на железничкиот систем.

„Поради штрајк на вработените веќе четири дена возовите не возат, а никого мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.