МВР вчера го уапси командант Тануша


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бегалецот Ајвази Ајдиљраман попознат како командант Тануша вчера попладнето беше приведен за издржување на затворска казна од 20 години. Тој се бараше за наредба на Основниот кривичен суд во Скопје за кривичното дело убиство.

Проблеми со здравјето и потребата од лекарска помош и пресудија на слободата на бегалецот Ајвази Ајдиљраман (37) алијас командант Тануша од Скопје. Како што дознава МКД.мк од свои извори, бегалецот попладнево е приведен за издржување на затворска казна од 20 години додека бил во болница. Тој се бараше за наредба на Основниот кривичен суд во Скопје за кривичното дело убиство.

Според наши информации алијас командант Тануша поради здравствени проблеми бил примен на Универзитетската клиниката за неврологија, а кратко потоа полицијата добила информација дека е хоспитализиран.

Откако лекар проценил дека неговата состојба не е животно загрозувачка, околу 17 часот Ајдиљраман бил приведен од полицијата, по што е предаден во полициската станица во Кисела Вода.

Командант Тануша се бараше со меѓународна потерница за извршено кривично дело по член 123.

Тој е осуден на 20 години затвор за убиство и ќе биде спроведен во затворот во Идризово.