МВР со кривични пријави против членови и вработени во ДИК заради падот на сајтот на комисијата за време на изборите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


МВР поднесе кривични пријави против четворица вработени во Државната изборна комисија, членови на Комисјата за јавни набавки, меѓу кои и претседателот на ДИК Оливер Деркоски, како потписник на одлуките и сопственик на фирма.

Како што информираа од МВР, полицијата се сомнева дека петмината осомничени во периодот од февруари до септември 2020 година ја злоупотребиле службената положба при набавката на софтвер потребен за спроведување на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули годинава.

„Осомничените не утврдиле дека фирмата не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за вреднување на доставените понуди, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. Исто така, не било извршено тестирање на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот“ – стои во соопштението од министерство тоза внатрешни работи.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во телефонски разговор за ТВ 24 вели дека никој од Комисијата за јавни набавки не добил задача ниту направил нешто незаконски. Тој не ја исклучува можноста ова да влијае врз претстојните предвремени локални избори во Штип и Пласница.

Освен сомнежите на МВР, јавното обвинителство за гонење организиран криминал ќе истражува и за тоа дали Извештајот од спроведената постапка бил изготвен спротивно на правилата за пополнување на потребните документи и дали изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со еден од учесниците во постапката што е спротивно од Законот за јавни набавки.

„Со ова, две фирми се стекнале со право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата. Со тоа тие се стекнале со противправна имотна корист од 1.250.000 денари.“ – велат од ОЈО за гонење организиран криминал.

Заради непречено водење на истрагата од ОЈО до Кривичниот суд поднесе предлог за определување на забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на пасошите, забрана за нивно издавање но и времена забрана за работа на осомничените“.