МВР распиша потерница по Никола Груевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Попладнево, по даден налог од страна на Кривичниот суд, Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Никола Груевски, кој се бара за отслужување на затворската казна во траење од две години на која беше осуден во рамки на случајот „Тенк“ за набавка на фамозниот Мерцедес.

„Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата“ се вели во информацијата од Кривичен.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Според директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, Груевски се нема пријавено таму. Котевски посочи дека од затворот изутрината го известиле Кривичен дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.