Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Министерството за внатрешни работи кратко информираа за инцидентот кој се случил на гласачко место во Ново Лисиче. Како што велат од таму едно момче на возраст од 22 години било приведено затоа што ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полициските службеници кои пристапиле да интервенираат.
„На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од полициајта.
Очевидци на настанот, пак, велат дека инцидентот бил од поголеми размери и дека се работи за група на момчиња кои го попречувале гласањето и кои се судриле со полицијата.
Извор: Фокус