Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инспектори од Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија отворија истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од Македонската фудбалска лига.
До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.
„Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР“, изјави Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.
Инаку во информацијата која ФФМ ја објави на својата интернет страница не се посочени кои натпреварите се под истрага на МВР.