МВР открива за што е уапсен таткото на режисерот Бојаџи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако вчера режисерот Јани Бојаџи преку својот Фејсбук профил објави дека неговиот татко е уапсен и од Струмица приведен во Скопје, вест која отвори многу дилеми за евентуалната причина за апсењето, стигнуваат официјални информации од МВР поврзани со случајот.

Таткото на режисерот Јани Бојаџи вчера е приведен во рамки на акција за сузбивање криминална група за криумчарење артефакти, во која се уапсени 13 лица во неколку градови, вели МВР.

„Лицето А. Б. е лишено од слобода во склоп на акцијата на одделот за сузбивање на организиран криминал за сузбивање на криминална група во повеќе градови во државата, при што се привремено одземени голем број на артефакти, а лишени од слобода се 13 лица. Утре на прес-конференција ке ги соопштиме сите детали“, изјавил вчера за СакамДаКажам портпаролот на МВР Тони Ангеловски.