Home Актуелно МВР неколку часа вршеше претрес во домот на Стаменковски од „Доказ.мк“ – еве што беше одземено како доказен материјал

МВР неколку часа вршеше претрес во домот на Стаменковски од „Доказ.мк“ – еве што беше одземено како доказен материјал

Компјутери, телефони, пари се само дел од работите кои беа запленети од домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“.

Неофицијално, извори од МВР, посочуваат дека се најдени и полициски белешки кои исто така ќе бидат одземени. Ваков е исходот од претресот кој траеше повеќе часови во домот на Стаменковски во скопско Влае. Меѓу останатото, полицијата по наредба на обвинител, одзела и мемориски уреди. За сето ова, Обвинителството најави детали за во текот на денешниот ден.

Стаменковски, против кого скопското Обвинителство добило повеќе пријави по кои постапува, ноќта ќе ја помине во полициска станица. Таму ќе биде задржан, се додека обвинителот не одлучи дали ќе бара од судот на Стаменковски да му бидат одредени мерки за обезбедување на присуство. Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.

Засега, официјално од Обвинителството е само информацијата дека во тек е постапка против сопственикот на порталот. Со оглед дека постапката за обезбедување на докази е во тек, не соопштуваат повеќе детали.

Инаку, Стаменковски и е познат на јавноста и бидејќи неколку пати беше претепан, но и по контроверзните објави на неговиот веб-портал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…