МВР најави мерки против Бранко Тричковски за неговиот говор на омраза на Фејсбук


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После невкусниот Фејсбук статус на Бранко Тричковски поврзан со министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи, која има еврејско потекло, македонското Министерство за внатрешни работи најави преземање на мерки заради говор на омраза од страна на новинарот.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека „при следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“.

Од министерството наведуваат дека случајот е документиран и доставено е известување до Основно Јавно Обвинителство со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата Facebook Inc да достави кориснички податоци за профилот.

„По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидени во Кривичниот закон“, наведуваат од МВР.