Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оглас за вработување на 600 нови полицајци е објавен од страна на Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека овие вработувања се согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.
За работната позиција полицаец се бараат 100 извршители во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 извршители, по 30 извршители во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Регионалниот центар за гранични работи Исток – 20 извршители. Во Одделот за заштита на определени личности и објекти – 30 извршители, во Единица за брзо распоредување – 30 извршители и во Единица за специјални задачи – 20 извршители.
– По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати, се наведува во соопштението од МВР.