МВР ќе поднесе неколку прекршочни против Диме Спасов


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави денеска дека неколку прекршочни пријави ќе бидат поднесени против дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Според него, биле преземени сите мерки за состојбите и причините за сообраќајната несреќа во која учествуваше Спасов и биле прибавени сите докази, иако имало попречувања во увидот.

Било утврдено, како што посочи Спасовски, дека Спасов го управувал службеното возило и дека во двата случаи го напуштил местото на сообраќајната незгода и не ја известил полицијата. Спасовски рече и дека сопатникот на Спасов во потпишаната изјава не посочил дека автомобилот во кој се возеле бил следен или нападнат од други лица, како што тврди Диме Спасов.

Тоа е спротивно на изјавата на сопатничката и на полициските службеници, информира Спасовски, а за случајот говорат фактите. Според министерот, постојат и аудио снимки од пријавата на лицата кои го пријавиле Спасов во МВР кога го удрил нивното возило.

Министерот Спасовски порача и дека ги отфрла тврдењата на Спасов дека случајот е криминално полициска местенка и посочи дека само може да потврди оти има местенка на Спасов од него самиот и од тие што го советуваат.