Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во синоќешната изјава за јавноста, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски,изјави дека група уапсени полицајци им издале 214 пасоши со лажен идентитет на странци, вклучително и членови на меѓународни криминални групи и нарко-картели.
Тој на прес-конференција рече дека вистинскиот идентитет на лицата на кои им е издаден пасош со туѓ идентитет, го утврдила меѓународната полициска соработка преку регионалната канцеларија за безбедност на САД и генералниот секретар на Интерпол. „Утврдено е дека еден дел се однесува на лица кои се членови на меѓународни организирани криминални групи, нарко-картели, лица вклучени во сериозни кривични дела, односно лица со профил од висок ризик и лица за кои е издадена меѓународна потерница“, рече тој рече.
Полицијата вчера уапси девет полицајци под сомнение дека биле дел од ланецот за издавање пасоши со лажен идентитет, користејќи податоци од македонски државјани кои живеат во странство. Спасовски рече дека истрагата траела 26 месеци и дека биле издадени пасоши со лажен идентитет пред 2017 година.
Издадени се вкупно 215 пасоши со лажен идентитет, од кои 214 на странци и еден на македонски државјанин. Министерот Спасовски најави и кривична пријава против најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, со објавување на информации за таа истрага се обидела да ја загрози полициската акција.