МВР го расчисти инцидентот во кој Бислимоски беше нападнат од синот на Муса Џафери (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од МВР информираат дека е расчистен вчерашниот напад врз М.Б. на тераса од угостителски објект во централното подрачје на Скопје и оти е поднесена кривична пријава за насилство против А.Џ. кој го признал делото, пренесува Република.

Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, соопшти МВР.

Веднаш по пријавувањето на настанот, се вели во соопштението, преземени се соодветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, јави Дојче веле.

Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот.

На 23 септември Регулаторната комисија за енергетика почна постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери. Постапката е почната по пријавата од МЕПСО дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.