Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Министерството за внатрешни работи денеска информираше за инцидентот што се случил ноќеска на булеварот Партизански одреди во кој беше ранет Даниел Трајковски, но без детали за пукањето.
Во соопштението од МВР се наведува само дека авотмобилот кој го возел Трајковски се превртел и дека тој има повреди од огнено оружје.
На 15.11.2016 година во 00.01 часот во Единициата за информации и команда (ЕИК) Скопје од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д. Т. (45) од Скопје. Истиот на 14.11.2016 година во 23.35 часот на крстосноцата од бул. Партизански Одреди, ул. Бледски Договор и ул. Париска, управувајќи патничко моторно возило Фолксваген гол со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера на средишниот дел од коловозот од бул. Патизански Одреди, по што возилото се превртело на покривот. Од сообраќајната незгода Д. Т. не се здобил со повреди, но кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди од огнено оружје во пределот на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, пишува во информацијата од дневниот билтен на МВР.
МВР, сепак, остана без детали околу информациите и дилемите дали се работи за пресметка на криминални банди или, пак, за инцидент со политичка заднина.
Се претпоставува дека и оваа престрелка е дел од пресметките на браќата Трајковски од Ѓорче Петров со дел од скопското подземје или со обезбедувањето од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, браќата близнаци Трајковски се дел од обезбедувањето на СДСМ.
Овој настан се поврзува со уште еден инцидент во Скопје на 17 април. Тогаш, во тепачка во угостителски објект кај трговскиот центар Буњаковец учествувале тројца идентификувани и неколку други непознати лица. Едно лице било прободено во главата со остар предмет. Повредениот бил Г. К. (41), дел од обезбедувањето на поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков. Се претпоставува дека еден од напаѓачите бил еден од близнаците од Ѓорче.
Во октомври 2012 година била фрлена бомба кашикара во дворот од семејната куќа на Трајковски во скопската населба Ѓорче Петров.
За вчерашниот инцидент има сведочења дека во возилото на Трајковски било пукано од две возила. Напаѓачот или напаѓачите се во бегство.