Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонски граѓани се мета на наводна кампања во која лица преку социјалните мрежи или директно на приватните е-меил адреси испраќаат линкови до лажна интернет страница со ветување за лесна и брза заработка преку купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина, предупредуваат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.
Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и за истата е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија.
Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250$, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства.
МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.