Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Министерството за внатрешни работи велат дека заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство – Скопје, а во врска со кривично-правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието на Република Македонија, по претходно одобрение од Јавниот обвинител, се врши јавна објава на фотографии за три лица кои се важни за постапката.
„За таа цел ги повикуваме сите граѓани што имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ‘Пријави сомнително лице’ на официјалната интернет-страница на МВР или да пријават во Јавно обвинителство“, велат од МВР.