МВР и амбасадата на САД ќе прават вежба, граѓаните да не се плашат од сирените


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Припадниците на МВР денеска ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје. Вежбовните активности ќе се одржат во кругот на амбасадата.

„Ги известуваме граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, како дел од сценариото. Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба“, соопшти МВР.