МУЗИЧКО РЕТРО ’90-ТИ: Mr. President – „Coco Jamboo“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Coco Jamboo“ е песна од германската евроденс група Mr. President која премиерно е издадена и изведена во 1996 година. is a 1996 song by German Eurodance group Mr. President.

Издадена е во март, како водечки сингл од нивниот втор студиски албум We See the Same Sun. Песната своевремено беше хит во многу европски земји, достигнувајќи позиција во топ 10 на многу музички европски топ листи, како во Австрија, Чешка, Унгарија, Шведска и Швајцарија. Исто така, песната доживеа успех и во САД вбројувајќи се во Топ 40 хитовите, како и 21-то место на Billboard Hot 100 во септември, 1997 година.

Музичкиот спот за „Coco Jamboo“ е објавен во април, 1996 година, на кој членовите од германскиот бенд ја изведуваа песната за време на Лунарната Нова Година на плажа. Видеото е снимено во Виетнам.

Во малку текстуално изменета верзија, Mr. President издава и божиќна верзија на „Coco Jamboo“.