Advertisements
Музика

Музички ремет од Словенија за Првата дама: Песна за Меланија Трамп

Бенд од Словенија направи песна за Меланија Трамп, чии стихови сигурно ќе ја разбеснат новата прва дама на САД.

Дел од стиховите се: „Меланија си најде добра зделка, преку Трамп оди во Белата куќа. Од Севница директно на врвот на светот, бидејќи има нос за вистински маж. Меланија сега оди кон славата, ја сакаат Соединетите Држави, Долината Шентфлорјанска заплака, течението далеку ја однесе.“, пее бендот „Славчек“.

Оваа песна стигна до ушите на Меланија, која уште во декември најми адвокати за да спречат да се злоупотребува нејзиното име во Словенија.

Словенците, а посебно жителите на Севница, родното место на Меланија, почнаа да прават палачинки „Меланија“, торта „Меланија“, мед „Меланија“, а една словенечка компанија дури направи линија со минерална вода со нејзиното име.

Откако Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, туристичките посети во Севница нагло се зголемија, а жителите се надеваат дека продажба на производи под името Меланија ќе им донесе профит.

Advertisements

Најпопуларно

To Top