Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мутираниот вид на омикрон сојот, официјално евидентиран како БА.2 или како што некои научници го нарекуваат „стелт омикрон“ е регистриран во 57 земји, соопшти денеска Светската здравствена организација, додавајќи дека прелиминарните податоци покажуваат дека тој е позаразен од другите видови на омикрон.
Списанието Форбс известува дека во изминатите шест недели, подвидот омикрон БА.2 почнува да има приоритет над оригиналниот сој на омикрон (БА.1), според податоците испратени до Глобална иницијатива за инфлуенца за информации, додаде СЗО.
СЗО изјави дека малку се знае за разликите помеѓу подвидовите на омикрон, иако, како што веќе беше споменато, постојат индикации дека БA.2 е позаразна од БA.1.
Техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхкова, изјави за новинарите дека „нема индикации дека има промени во тежината на болеста“ со подвидот БA.2.