Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жозе Мурињо веќе започнал преговори со Баерн Минхен, тврди „Газета дело Спорт“.
Раководството на баварскиот гигант е во потрага по нов кормилар, а Мурињо е еден од кандидатите за испразнетото столче на „Алијанц Арена“.
„Специјалниот“ е скоро цела година без ангажман откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, а наводно од Баерн побара договор до јуни 2022 година.
Сега следува пауза за националните тимови, па за тоа време раководството на Баерн ќе донесе конечна одлука за новото тренерско име.
Покрај Мурињо, главни кандидати за тренерското столче во Баерн се уште Масимилиано Алегри, Ерик тен Хаг и Томас Тухел.