Мурињо за мечот со Валенсија повика дете од 14 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед утре и гостува на Валенсија во рамките на ЛШ, а со оглед на фактот дека „црвените ѓаволи“ веќе го осигураа пласманот, Мурињо реши да ги одмори првотимците.

„Специјалниот“ донесе одлука шанса на овој меч да им пружи на младите играчи, па поголем дел од повиканите фудбалери се од младинскиот тим.

Сепак, неочекуван потег на Мурињо беше и одлуката да го повика талентираниот Нигериец, Шола Шортаер, кој има само 14 години.

Покрај него за мечот со Валенсија повикани се уште дефанзивецот Вил Фиш, кој неодамна наполни 15 години. Се очекува двајцата да добијат шанса за настап, бидејќи станува збор за супер-талентирани фудбалери.

Јуниорите на Манчестер Јунајтед срушија многу рекорди во младинската Лига на шампиони и се наоѓаат на првото место во групата со 3 бода повеќе од Јувентус.