Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преодниот рок е се поблиску, а медиумите најавиваат дека ова може да биде лудо лето во кое ќе се трошат вртоглави суми за нпви засилувања. Еден од најактивнуте клубови на трансфер пазарот секако ќе биде Манчестер Јунајтед.
Иако многу се очекуваше оваа сезона од „црвените ѓаволи“, сепак работите не се променија многу, па тимот под водство на Мурињо ќе заврши на 6-та позиција. Сепак, спас на сезоната може да дојде доколку Јунајтед победи во финалето од Лига Европа, и така покрај европски трофеј ќе добие и билет за Лигата на шампиони.
Поради тоа медиумите ширум Европа веќе на големо пишуваат за можните засилувања на Манчестер Јунајтед за следната сезона. Најсилни се шпекулациите за Антонан Гризман за кого „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула од 100 милиони евра.
Во последните денови актуелен е и трансферот на Хамес Родригез на „Олд Трафорд“ за кого Јунајтед е спремен на Реал да му плати 75 милиони евра.
Денес каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона се откажала од Маркињос бидејќи Манчестер Јунајтед веќе понудил 60 милиони евра за Бразилецот. ПСЖ не сака да слушне за негова продажба, но Мурињо е упоред и сигрно ќе донесе еден врвен стопер на „Олд Трафорд“ ова лето.
Во нападот исто така ќе пристигне една голема ѕвезда како замена за Златан Ибрахимовиќ, На списокот се наоѓаат Ромелу Лукаку од Евертон и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, За да донесат еден од споменатите двајца напаѓачи „црвените ѓаволи“ ќе треба да искешираат 80 милиони евра.
Парите не се проблем, Мурињо ова лето сака да направи „дрим тим“…