Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ќе биде активен во зимскиот преоден рок, а Жозе Мурињо веќе ја има пикирано најголемата трансфер желба.
Португалскиот стратег сака да доведе најмалку еден квалитетен играч, кој треба да ја подобри играта на „црвените ѓаволи“, со оглед на фактот дека Михтарјан не ги исполни очекувањата.
Англиските медиуми тврдат дека најголема желба на Мурињо е играчот за врска на Челзи, Вилијан кој оваа сезона добива мала минутажа кај Конте.
Бразилецот во минатата сезона беше еден од најдобрите во тимот и затоа летово потпиша нов четиригодишен договор за останување на „Стемфорд Бриџ“.
Сепак, Вилијан не е задоволен од статусот кој го има моментално во Челзи и е спремен да ја промени средината, а Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.