Мурињо тргнува по 20-годишен Бразилец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за бразилскиот напаѓач на Бордо, Малкон.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо лично инсистира да биде ангажиран 20-годушниот Бразилец уште во зимскиот преоден рок.

Малком игра одлично во дресот на Бордо, оваа сезона има постигнато 5 гола и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Поради тоа Мурињо сака да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот во јануари. Сепак, за Бразилецот ќе треба да издвои солидна сума на пари бидејќи фудбалерот има договор со францускиот клуб до 2021 година.