Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не сакаше да го коментира инцидентот во тунелот на „Олд Трафорд“ после дербито со Манчестер Сити.
Малку пред него на својата пресконференција Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим не демонстрирал непочитување со начинот на кој ја прославуваше победата.
„Специјалниот“ не беше заинтересиран за тоа што кажал неговиот колега, но за него се е работа на воспитување и образование.
„Гвардиола го кажал тоа што го кажал. Јас не сум тука да ги коментирам неговите зборови. Единственото нешто што можам да го кажам е дека според мене се е прашање на разликите во воспитувањето и образованието, ништо повеќе“, истакна Мурињо.
„Пресконференцијата е посветена за престојниот меч со Бурнмаут, а не на тоа што се случи со Манчестер Сити. Тоа веќе заврши. Кога си загубил веројатно имаш поголема желба да победиш, никој не сака да губи два пати“, заклучи Португалецот.