Home Спорт Мурињо: Стануваме посилни, фановите ќе бидат горди!

Мурињо: Стануваме посилни, фановите ќе бидат горди!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Алексис Санчез е делот кој му недостасувал на неговиот тим и го опиша Чилеанецот како еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„Алексис е еден од најдобрите напаѓачи во светот и со неговото доаѓање ќе дадеме ентузијазам на групата од млади и талентирани напаѓачи. Тој ќе придонесе многу со својата амбиција и силен карактер, како и со квалитетот кој го има секој фудбалер на Манчестер Јунајтед. Тимот сега е многу посилен и фановите ќе бидат горди на својот клуб“, изјави Мурињо.

Специјалниот ја коментираше разделбата со Михтаријан: „Му посакувам успех и среќа, сигурен сум дека ќе ги има и двете. Михтаријан е фудбалер кој нема да го заборавиме, особено поради неговиот придонес за освојувањето на Лига Европа“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…