Мурињо спремен да се врати во Челзи во трет пат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо би можел по трет пат да се врати на кормилото на Челзи, тврдат медиумите на Островот.

Маурицио Сари наскоро и официјално ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Јвентус, а Мурињо е еден од кандидатите за негов наследнил. „Специјалниот“ исто така е отворен за враќање на „Стенфорд Бриџ“.

Сепак, Мурињо не е единствен кандидат за „жешкото“ столче, па на листата уште се наоѓаат уште Масимилијано Алегри, Нуњо Еспирито Санто, Франк Лампард како и Хави Гарсија од Вотфорд.

Но, покрај Алегри, Мурињо е еден од најголемите фаворити за тренерската позиција. Тој го водеше Челзи во два наврати на 320 натпревари, а притоа оствари 204 победи и 51 пораз.

Португалецот има најдобар процент на победи и порази во историјата на Челзи, па освои три шампионски титули, три трофеи во Лига Купот и еден ФА-куп.

Мурињо е слободен после отказот кој го доби во Манчестер Јунајтед, но прашање е дали фановите на Челзи ќе му простат за „предавството“ што се пресели во големиот ривал.