Спорт

Мурињо проговори за „случајот Погба“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо на денешната пресконференција остро ги нападна новинарите лут на информациите кои во последните денови кружат за Пол Погба.

Имено, готово сите медиуми пренесоа дека Погба е во конфликт со Мурињо и дека таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид и да го донесе Французинот на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кога кажувате дека има многу шпекулации, всушност треба да кажете дека има многу лаги. Можам без никаков проблем да зборувам во името на Пол. Тој го знае фактот дека не игра добро на последните неколку меча, но тоа е се. Се останато се само обични лаги“, истакна Мурињо.

„Не треба да ви ги откривам разговорите меѓу мене и моите фудбалери. Тоа е наш проблем. Меѓутоа, голема лага е дека нашите односи не се добри. Голема лага е дека не комуницираме. Голема лага е дека не сме согласни околу неговата позиција на теренот. Треба да бидеме објективни и да го кажеме тоа што сите го знаат – во последните неколку меча тој не игра добро. Тоа е само период. Крај на историјата“, заклучи видно нервозниот Португалец.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top