Мурињо проговори за односот со Погба и го обвини Французинот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Не е тајна дека Жозе Мурињо и Пол Погба имаа лоши односи додека работеа заедно во Манчестер Јунајтед, па Французинот беше на прагот да замине од „Олд Трафорд“ поради тоа.

Иако и двајцата јавно не признаа дека имаат конфликт тоа беше очигледно, а по заминувањето на Мурињо, Погба доживеа „ренесанса“ под водство на Оле Гунер Солскјер.

Сега Мурињо за прв пат откако го напушти „Олд Трафорд“ проговори за односот со францускиот репрезентативец.

„Секогаш се обидувате да најдете решение за сите проблеми, но постои проблем за кој не можете да пронајдете решение. Кога играчот игра, тој го сака својот тренер, а кога не игра, тогаш не го сака. Тоа е природно и не може да се промени“, тврди Мурињо.

„Од друга страна, постојат играчи кои се во феноменални односи со еден тренер, а не се со друг тренер. Тоа е хемија. Мора да работите на односот со луѓето кои не ги сакате толку многу“, заклучи „Специјалниот“.

Со ова Мурињо индиректно го обвини Погба дека не работел на подобрување на односот со него, што влијаеше на резултатите на тимот, а сето тоа придонесе Португалецот да добие отказ.