Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во наредните два натпревари во Премиер лигата би можел да настапи со ослабен тим, со оглед на фактот дека ги очекува тежок распоред во борбата за трофејот во Лига Европа, па поедини играчи ќе се фокусираат само на европското натпреварување.
После ремито на „Олд Трафорд“ против ВБА Манчестер Јунајтед заостанува пет бода од четвртата позиција која води во Лига на шампиони.
Поради тоа „Специјалниот“ одличи да се фокусира на освојување на Европа лигата, каде во четвртфиналето има противник по мерка, белгиски Андерлехт.
Тоа ќе биде шанса за „црвените ѓаволи“ не само да освојат европски трофеј, туку и да обезбедат пласман во Лига на шампиони.
„Против Евертон ќе се обидеме да го направиме истото што го правевме и против ВБА, да играме најдобро што можеме и да победиме. Со исти план одиме и на мечот против Сандерленд. Потоа следи Лига Европа, па се чини дека во натпреварите кои следат во Премиер лигата ќе морам да ги сочувам важните играчу, бидејќи од сега нашиот фокус е токму Лига Европа“, призна Мурињо.