Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо, првиот човек на клупата од Манчестер Јунајтед, на пресконференцијата после дуелот со Реал Мадрид во Суперкупот, посочи еден момент кој според него влијаел врз конечниот резултат и поразот од Реал (1:2) во Суперкупот, но напомена дека неговите играчи не треба да бидат разочарани.
Реал на „Филип Втори“ славеше со головите на Каземиро во првото и Иско во второто полувреме, а единствениот гол за Јунајтед го постигна Лукаку.
Сепак, според Мурињо, првиот гол бил постигнат од офсајд и тој момент го одредил понатамошниот тек на натпреварот.
„Еден од нивните голови беше постигнат од офсајд. Да постоеше ВАР системот на овој натпревар резултатот ќе беше 1:1“, рече Мурињо, дополнувајќи дека неговите играчи му пружиле достоен отпор на Реал.