Мурињо со порака до Реал Мадрид: Заборавете на Де Геа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо му порача на актуелниот европски шампион Реал Мадрид да не се ни обидува да го донесе Давид де Геа во своите редови.

27-годишниот Шпанец има договор со „црвените ѓаволи“ до 2019 година, но се очекува наскоро да потпише нов, многу побогат договор.

И покрај тоа не стивнуваат шпекулациите за негов трансфер на „Сантиаго Бернабеу“, со оглед на фактот дека Де Геа е прва желба на претседателот Флорентино Перез.

Мурињо сега директно му порача на „кралевите“ да си бараат друг голман и да заборават на Де Геа.

„Не знам какви се намерите на Реал Мадрид, но јас да бев на нивно место ќе мислев за друг играч. Нека не мислат на Де Геа“, јасен беше Португалецот.