Мурињо: Ова беше најтешка сезона во кариерата, сега клубот знае што треба да прави!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по освојувањето на трофејот во Лига Европа, истакна дека оваа сезона му била најтешка во кариерата.

„Крај на една тешка сезона. Целта ни беше преку Премиер лигата да се пласираме во Лигата на шампиони, но сега е најважно дека ја исполнивме задачата и тоа со освојување на оваа титула. Лига Европа е важна за клубот, бидејќи сега ги има сите трофеи на УЕФА. Имавме неколку тешки месеци, но ја завршивме со три трофеи и пласман во ЛШ. Ова е мојата најтешка сезона во кариерата“, истакна Мурињо.

Манчестер Јунајтед наредната сезона ќе се обиде да ја освои Премиер лигата, а со големи амбиции ќе влезе и во Лигата на шампионите, па клубот ќе мора повторно да потроши многу пари за засилувања.

Ед Вудворд ја има мојата листа, она што би сакал да го имам во тимот. Има повеќе од два месеци. Тоа треба да го решат тој и сопствениците. Мене во овој момент фудбалот не ме интересира. Сега сум на одмор. Не сакам ниту да гледам меѓународни пријателски натпревари“, заклучи Мурињо.