Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо сака да создаде шампионски Манчестер Јунајтед, но свесен е дека за тоа треба време. Сепак, за сега работите му одат многу добро.
Англиските медиуми пренесуваат дека „Специјалниот“ веќе работи на нови засилувања, а следно би можел да биде Серџи Роберто од Барселона.
Универзалецот од Барселона очигледно не е ценет доволно на „Камп Ноу“бидејќи и оваа сезона добива многу мала минутажа, па е спремен да ја промени средината.
Познато е дека Мурињо многу го цени неговите квалитети, го сакаше уште за време на летниот преоден рок, па ќе направи се за да го донесе во јануари.
Наводно Португацот веќе остварил контак со агентот на фудбалерот, па покрај поголема минутажа му нуди и поголема плата на „Олд Трафорд“.
Доколку Серџи Роберто се согласи трансферот не би требало да биде проблем за „црвените ѓаволи“ кои се спремни да ја активираат откупната клаузуча која изнесува 37.5 милиони фунти.