Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Преодниот рок во Англија заврпшува денес, а манеџерот на Манчестер Јунајтед очајно се ободува да донесе засилување за одбраната.
Откако му пропаднаа сите обиди да ги доведе Алдервајлед, Мекгваер и Боатенг, „Специјалниот“ се обидува да реализира изненадувачки трансфер во последниот ден од преодниот рок.
Имено, медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ започнале преговори со Челзи за трансфер на дефанзивецот Курт Зума.
За 23-годишниот Французин и оваа сезона нема место во тимот на „сините“ кои беа спремни да го испратат на уште една позајмица, но Мурињо во него гледа „спас“.
Останува да видиме дали конечно ќе успее да донесе нов дефанзивец во тимот, иако станува збор за „отпадок“ од големиот ривал.
Manchester United have opened talks with Chelsea over the signing of defender Kurt Zouma. (Source: L'Equipe) pic.twitter.com/bKGxON80ON
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 8, 2018