Мурињо нема да се брани на „Енфилд“: Ќе се обидеме да победиме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во недела го игра големото дерби со Ливерпул на „Енфилд“, а Мурињо тврди дека нема да „паркира автобус“ и ќе се обиде да победи.

„Црвените ѓаволи“ се аутсајдер против лидерот на табелата, но Мурињо знае дека ова е најважниот натпревар во сезоната за навивачите и за клубот.

„Ќе се обидеме, јас секогаш се обидувам да победам. Знам дека играме против лидерот, но и ние сме квалитетни и покрај сите проблеми. Ќе отидеме со играчите кои ги имаме и ќе се бориме за победа“, истакна Мурињо.

Антони Марсијал, Лук Шо, Антонио Валенсија, Крист Смолинг, Мектоними, Далот, Дармијан и Маркос Рохо се под знак прашалник за овој меч.

„Никој од нив не тренираше вчера, ќе видиме како ќе биде денес. Се надевам дека барем некој од нив ќе може да игра во недела“, истакна Португалецот.