Мурињо му ветил патики од 800 евра ако даде гол, овој постигна два – Жозе, ти си на потег!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома на гости ја победија Џенова со 0:2 во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А.

Рома потешко од очекувањата успеа да дојде до трите бода, а херој на овој тим беше 18-годишниот Феликс Афен-Гјан кој доби шанса од Мурињо во финишот. Играчите на Рома создаваа прилики, но никако не успеваа да постигнат гол. Клучниот момент беше кога на теренот во 74. минута влезе Афен-Гјан.

Овој 18-годишен фудбалер на Рома само осум минути подоцна успеа да постигне гол за 1:0. Но, тоа не беше се од младиот Гјан. Во четвртата минута од судиското продолжение го постигнал својот втор гол.

Мурињо имал интересно ветување за него пред да влезе во игра.

„Му ветив на Феликс дека ќе му ги купам патиките кои му се допаѓаат иако се 800 евра ако постигна гол. Кога постигна гол дојде до мене и ми кажа да не заборавам на тоа ветување. Секако дека ќе си го исполнам“, изјави Мурињо.