Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека е можно најдобриот играч на Арсенал, Месут Озил следното лето да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Англискиот таблоид „Сан“ денеска објави дека на инсистирање на Жозе Мурињо, Јунајтед веќе подготвува понуда за германскиот репрезентативец и наскоро би можеле да почнат преговорите за трансфер.
Мурињо и Озил веќе соработуваа заедно во дресот на Реал Мадрид и познато е дека „Специјалниот“ има многу високо мислење за Германецот.
Озил има договор со Арсенал до 2018 година, но преговорите за продолжување на истиот веќе подолго време се во застој, па таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед, кој на Германецот му нуди 250.000 фунти неделна плата.
Доколку се реализира овој трансфер ќе се повтори историјата од пред четири години кога Робин ван Перси ги остави „топџиите“ и се пресели на „Олд Трафорд“.