Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Асистентот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, Руи Фарија е новото тренерско име кое се поврзува со кормилото на Арсенал.
Пред неколку дена медиумите објавија дека помошникот на Клоп, Жељко Бувач е фаворит за наследник на Венгер, а од поодамна се спомнува и асистентот на Гвардиола, Микаел Артета.
Сега дојде редот и на Фарија, кој со Мурињо работи цели 18 години, но „Специјалниот“ нема ништо против тој да ги преземе „топџиите“.
„Руи е повеќе мој пријател отколку асистент. А кога мој пријател има прилика да добие значајна работа, би му помогнал да се спакува, ќе му ги однесам куферите и ќе му посакам се најдобро. Фарија го познавам уште кога беше студент и долго време сме заедно“, изјави Мурињо.
„Не знам дали тој сака да биде самостоен менаџер. Но ако ме прашате дали сметам дека ќе биде одличен во таа работа, тогаш мојот одговор е ДА“, додаде Португалецот.