Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Жозе Мурињо даде интервју за англиските медиуми со кое уште повеќе ќе го навлече гневот на фановите на англискиот гигант.
Во интервјуто Мурињо признава дека ќе биде „чудо“ доколку неговиот тим заврши во Топ 4, иако до пред извесно време тврдеше дека до Божик „црвените ѓаволи“ ќе се вратат меѓу четирите најдобри клубови во лигата.
„Минатата година кажав дека пласманот на второто мест е фантастичен со оглед на квалитетот и квалитетот на останатите клубови кои се бореа за Топ 4. Оваа сезона со повеќе проблеми кои ги имаме се потврдува тоа што го кажав на почетокот на сезоната – ни претстои многу тешка сезона“.
„Целта ни е да се обидеме да освоиме колку што можеме повеќе бодови, но ќе ни биде потребно чудо да завршиме меѓу Топ 4 на крајот на сезоната“, заклучи Мрињо.